X
 26.07.2016 Култура

Бил Гејтс: Во ред е да се слави успехот, но поважно е да се почитуваат лекциите од неуспехот

Бил Гејтс не е непознато име во светот иновациите. Од создавање на Мајкрософт па се до програми кои откриваат ХИВ, Бил Гејтс инспирира со своите изуми, но и изреки кои ќе ве натераат да преземете акција и да го смените светот.


„Големите напредоци на човештвото не се во неговите откритија, туку како тие откритија се применети во намалување на различностите.“

„Една од најубавите работи во врска интернетот е дека виртуелната еднаквост е многу полесна да се постигне отколку еднаквоста во вистинкиот свет ... Сите сме создадени еднакви во виртуелниот свет и треба да ја искористиме оваа еднаквост да помогнеме да се решат некои социолошки проблеми кои општеството се уште ги нема решено во физичкиот свет.“

„Како секој што користи електронска пошта, добивам многу спамови секој ден. Многу од нив ми нудат помош да излезам од долгови и да станам богат за брзо време. Би било доста смешно да не беше толку иритирачки.“

„Навистина имав многу соништа кога бев дете и мислам дека голем удел од тоа беше што имав шанса многу да читам.“

„Во ред е да се слави успехот, но поважно е да се почитуваат лекциите од неуспехот.“

„Секако, добро сум ситуиран кога станува збор за храна и облека. Парите не се корисни за мене после одредена точка. Нивната корист е во целост за изградување на организации и давајќи ги ресурсите на најсиромашните во светот.“

„Најнезадоволните клиенти се вашиот најдобар начин на учење.“

„Имајќи го предвид нивното влијание, може да очекувате дури и комарците да добијат повеќе внимание отколку нив. Ајкулите убиваат стотици луѓе секоја година, а во САД тие добиваат цела недела посветена на нив на ТВ секоја година.“

„Мајкрософт имаше силни противници во минатото. Добро е што имаме музеи да го зачуваат тој податок.“

„Доколку сметам дека е трошење на време или несоодветно, не чекам за тоа да го покажам. Го кажувам веднаш. Така што, може да ме слушнете како велам: „Тоа е најглупавата идеја што сум ја слушнал“ многу пати за време на состанок.“

„Тоа е возможно, никогаш не се знае, дека универзумот постои само за мене. Ако е така, супер ми оди, морам да признаам.“

„Религијата не е многу ефикасна. Има многу други работи кои би ги правел во недела наутро.“

„Доколку не можете да го направите добро, барем направете да изгледа добро.“

„Навистина е прекрасно да доаѓате од свет каде компјутерите не се познати и комплицирано онаму каде тие се алатка во вашиот секојдневен живот. Тоа беше сонот кој сакав да го направам реалност и во голем дел е неразвиен како што очекував.“

„Персоналните компјутери го подобрија светот во скоро секој можен дел. Прекрасни развитоци во комуникациите, соработката и ефикасноста. Нови видови на разонода и социјални мрежи. Пристап до информации и можноста луѓето да го покажат својот глас кои воопшто не би биле слушнати.“

„Најважната работа која имав шанса да ја работам, беше персоналниот компјутер. Знаете, додека растев, во моите 20ти, 30ти, јас дури знаев дека нема да се женам се до покасно бидејќи бев опседнат со тоа. Тоа е моето животно дело.“

Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура