X
 31.07.2016 Живот

Научете го детето само да заспие и да ја преспие цела ноќ

„Јас сум од оние мајки кои имаат среќа па детето од првиот ден да им биде мирно и добро. Андреј убаво спие уште од самиот почеток, никогаш не сме го успивале, туку беше само принципот на спуштање во креветчето и излегување од соба, а првата цела преспиена ноќ ја имаше за два месеци и така продолжи и понатаму. Тато, кој тогаш работеше по цел ден, конечно воздивна и секако, чувството е најдобро.“


Така започнува да пишува Љубица Билди за „Мама и тата“. Потоа, таа открива дека нејзиниот син започнал да бара внимание со заспивање само со држење на раката. Љубица започнала да чита литература за да ги врати навиките на Андреј како порано и да го одвикне од новиот начин на спиење и стигнала до книги со кои успеала да му го смени начинот на спиење на својот син за само пет дена. Книгата која ѝ помогнала најмногу е книгата „Научите дете да спава“ од Невена Лвринчевиќ.

Како да го научите детето да заспие само и да ја преспие ноќта?

Со овој метод, вашето дете нема да биде воодушевено и тоа мора да го знаете. Имено, детето ќе плаче, но разликата е во тоа што тоа плачење ќе биде подносливо бидејќи детето ќе добива доволно внимание од родителот кое ќе ја намали неговата вознемиреност.

План:

- Одредете разумен ритам на активности за детето: кога јаде и спие. Секогаш во исто време во текот на денот и навечер ставете го детето во кревет.

- Сите видови „помош“ при успивањето кои сте ги користеле досега изоставете ги. Тие активности издвојте ги од успивањето временски, односно поместете ги за половина час порано.

- Пред заминување на спиење поминете пријатно време во блиско дружење со детето. Веднаш по завршувањето на тие заеднички активности сместете го детето во кревет будно, посакајте му лека ноќ со бакнеж и излезете од соба.

- Бидејќи ова искуство за детето е сосема непознато, тоа сигурно веднаш ќе започне да плаче, очекувајќи да се вратите и да му помогнете да заспие како што е навикнато. Вие тоа нема да го направите бидејќи ќе се држите до распоред, односно ќе почекате неколку минути пред да се вратите во неговата соба.

Започнувате првиот ден со чекање 3 минути првиот пат, 5 минути вториот пат, 7 минути третиот пат, 7 минути четвртиот пат и 9 минути секој следен пат. Вториот ден, започнувате со 5 минути првиот пат, 7 минути вториот пат итн. Третиот ден започнувате со 7 минути првиот пат, 9 минути вториот пат итн. Четвртиот ден започнувате со 9 минути првиот пат, 12 минути вториот пат итн. Од петтиот ден, чекате 15 минути пред да се вратите во неговата соба.

- Гледајте на часовник. Доколку тоа не го правите, три минути може да ви изгледаат многу подолго.

- Ако детето плаче, по завршувањето на тие три минути влезете кај детето. Смирете го и бидете сталожени. Не го зимајте в раце и не му давајте помагала за заспивање. Детето не треба да заспие во ваше присуство. Целта на влегувањето е да го смирите.

- По истекувањето на околу две минути, излезете од собата, без разлика дали детето се смирило или не. Сега чекајте малку подолго, а потоа влезете и накратко смирете го и излезете. Потоа чекајте уште подолго итн.

- При секое влегување бидете сталожени и тешете го детето, но не покажувајте вознемиреност или бес.

- Кога ќе види дека додека сте кај него не го добива посакуваното, детето може да реагира со без или да плаче. Не влегувајте поради тоа. Колку е полуто плачењето, пократко задржувајте се во собата. Сепак, влегувајте во предвиденото време за да не се почувствува напуштено.

- Влезете само ако детето плаче. Ако мрмори или слично, почекајте, може само ќе се смири.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот