X
 02.09.2016 Образование

БЕСА: Училиштата со настава на албански јазик се соочуваат со многу проблеми



И целата ова ситуација дојде и покрај фактот дека албанската партија на власт неколку пати по ред ја има управувано со Министерството за образование и наука.

Децата кои живеат во албанските населби се соочуваат со недостиг на елементарни средства и услови. Иако почетокот на новата учебна година требаше да биде среќен и радосен ден, особено на тие кои прв пат се упатуваат во училишните средини, училиштата со настава на албански јазик се соочуваат со многу проблеми, велат од Движењето БЕСА.

- Училиштата страдаат поради недостатокот на добри учебници и едукативни четива. За да биде појасна ситуацијата на албанското образование, направивме еден краток осврт на состојбата во општините со албанско мнозинство. Ги земавме предвид само главните проблеми кои го попречуваат развојот на наставата, бидејќи проблемот на албанското образование е многу посуштински од ова. Доволно е да се погледнат учебниците за да се види кој е идентитетот на албанското образование во Македонија. И целата ова ситуација дојде и покрај фактот дека албанската партија на власт неколку пати по ред ја има управувано со Министерството за образование и наука. Оваа долга листа на недостатоци и пропусти во албанските училишта не прави да се чувствуваме добро, но ќе послужи како појдовна точка кон целта на решавањето на овие проблеми и за да се направи училиштето едно место полно со лубов за децата и центар кој ќе зрачи знаење за секое дете. Движењето БЕСА смета дека за едно здраво општество мора да се има здраво образование, затоа ќе работи со посветеност за да се постигне и исполни оваа цел - велат од БЕСА. Во продолжение во целост ги пренесуваме проблемите на кои посочува БЕСА:

• Како последица на лошата Албанска политика воопшто во Македонија,голем број на Албанци ја напуштија својата земја со што е намален и бројот на албанските ученици во албанските училишта.

• Секаде се чувствува недостаток на градинките за предучилишно образование.

• Во многу училишта се чувствува недостаток на основните услови, како што се водата за пиење и санитарните услови во училишниот простор.

• Недостигаат потребните образовни средства за реализација на современа настава.

• Недостигаат соодветните спортски објекти или нема воопшто сали за физичко образование.

• Училиштата се далеку од живеалиштата и децата имаат тешкотии за да патуваат до училиштето, особено во текот на зимата.

• Дури и во училиштата во кои повеќето од учениците се Албанци, има несоодветна застапеност на наставниот кадар, стручната служба и управувањето на училиштата.

• Паралелките со настава на албански јазик се преоптоварени со повеќе од 34 ученици, додека во паралелки со настава на македонски јазик има и со 9 до 19 ученици.

• Училишните објекти се стари и училишниот инвентар е многу застарен.

• Реализацијата на комбинирана настава е проблем како последица на малиот број на учениците.

• Кај ученици Албанци, наставата по англиски јазик ја реализираат со македонски наставници.

• Сите ученици немаат можност да го следат средното стручно образование.

• Имаме екстремна политизација и партизација на училиштата и влијание на политиката врз избирање на наставниот кадар.
Подготвил: В.Ф.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование