X
 11.09.2016 Технологија

Ко-основачот на Фејсбук донира 20 милиони долари во борбата против Трамп

Ко-основачот на Фејсбук, Дастин Московиц, вети дека ќе донира 20 милиони долари за да спречи Доналд Трамп да победи на претседателските избори во Америка.

 

ко-основач


Московиц, на неговиот блог објави дека тој и неговата сопруга Цари Туна се обврзуваат да донираат на неколку организации блиски на Демократската партија вкупен износ од 20 милиони долари. Тој пишува дека заедно со Цари ќе се потрудат со средствата кои располагаат да направат што повеќе добро во животот. Одлуката не им била лесна, бидејќи биле свесни дека со толкава сума на пари некои луѓе би можеле да влијаат врз изборните резултати, меѓутоа нагласува дека се воделе според мисијата дека прават добро за општеството.

„Овие избори се како референдум. Избираме што сакаме да бидеме како личност, нација и општество. Доколку победи Доналд Трамп, Америка ќе се врати неколку чекори назад и ќе се изолира од глобалното општество. Демократската партија, а посебно Хилари Клинтон работат на развивање на оптимизмот, вклученоста и взаемната корист“, пишува Московиц.

Ова е прв пат Московиц, кој си замина од „Facebook“ во 2008 година, да се појави како политички донатор. Меѓу могулите од Силициумската долина, најголем број донации освен Московиц дале и Лери Елисон од „Oracle“ и тоа 5 милиони долари за републиканскиот сенатор Марк Рубио. Елисон како и Питер Тиел ги поддржуваат републиканците, додека основачот на „Napster“, Шон Паркер ја поддржува Хилари Клинтон.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија