X
 16.09.2016 Живот

Стив Ирвин да се стави на банкнота!

Повеќе од 25.000 поддржувачи има петицијата со која се бара ликот на легендарниот ловец на крокодили да се најде на австралиската банкнота од 100 долари.

Стив Ирвин

Петицијата привлекува сериозно внимание. На Change.org се регистрирани над 25.000 поддржувачи и планот е барањето да се достави до Royal Australian Mint.

Зад петицијата стои 16-годишниот Кајл Рајан од Мелбурн, заедно со неговите другари, кои се одлучни предлогот да го истуркаат до крај.

„Ние сме сериозни, но никој не нè сфаќаше сериозно се додека петицијата не привлече внимание. Сегашните банкноти се застарени, а модерна икона како Ирвин е совршена замена за личностите кои во моментов се наоѓаат на банкнотите. На новата генерација и треба некој за пример, а Стив е совршен лик за тоа. Тој, не само што имаше неверојатна кариера во забавната индустрија, туку и ја создаде групата Wildlife Warriors што има за цел заштита на флората и фауната во Австралија,“ посочиле иницијаторите.

Стив Ирвин со слон

Стив Ирвин почина пред 10 години по убод од риба-раја.
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот