X
 18.10.2016 Култура

Во овој град јавниот превоз е бесплатен, а градската каса од тоа остварува профит од 20 милиони евра

Верувале или не, во Европа постои град во кој што луѓето се многу задоволни од услугите на јавниот превоз, затоа што се бесплатни. Првиот главен град од некои од земјите-членки на ЕУ кој воведе бесплатен јавен превоз беше Талин во 2013 година.

Градот поради овој модел нема загуба, туку напротив од јавниот превоз остварува профит од 20 милиони евра годишно.


Талин


Две евра, секоја втора година, граѓаните кои живеат во главниот град на Естонија, Талин, мора да издвојат за таканаречената зелена карта, што може да ја користат за неограничен број на патувања. За споредба, оваа карта во Лондон чини 200 долари, а во Копенхаген 160 фунти месечно.

Профит од 20 милиони евра годишно


Многумина се прашуваат како Градот на овој начин успева да оствари добивка од 20 милиони евра годишно- пишува Guardian.

Јавниот превоз делумно се финансира од даноци на граѓаните кои имаат постојано живеалиште во Талин, а бројот на регистрирани жители кои се пријавуваат за зелена карта е околу 10.000 на годишно ниво, откако е воведен бесплатниот превоз.

Колку повеќе регистрирани жители, толку повеќе пари во буџетот на Градот, што подразбира дека преку даноците, буџетот е поголем за уште неколку милиони евра. Покрај тоа, јавниот превоз е бесплатен само за жителите на Талин, така што другите посетители кои доаѓаат во градот, плаќаат целосна цена од 2 евра за возење, што значи освен од даноците, ова е дополнителен начин за заработка.

Се намалува употребата на патнички автомобили

Дополнителен бенефит од бесплатниот јавен превоз е и грижата за заштита на животната средина. Откако овој модел на бесплатен јавен превоз е воведен, неговото користење е зголемено за дури 6 проценти во првата година, а во исто време, користењето на патнички автомобили се намали за 5 проценти. Бесплатниот превоз беше еден од седумте мерки за подобрување на квалитетот на превозните услуги за граѓаните на Талин.


Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура