Ким Јонг-ун повторно се најде во центарот на вниманието, откако корејската телевизија на YouTube постави пропагандно видео во кое се величи самобендисаниот водач.
Снимката трае еден час и 17 минути, а го прикажува
Ким како ги надгледува воените објекти, како управува со авион, ја прегледува воената опрема, но и како пуши, се забавува и за сè што ќе каже, без исклучок, добива аплауз. Народот кога ќе го сретне, плаче од среќа.
Нема точни податоци како настанала снимката, а наводно се очекува наскоро да се појави и во англиска верзија.