X
 20.10.2017 Живот

Ретко видео што го покажува таинствениот Пјонгјанг

Храбар камерман се обидел да сподели поглед на еден од најтаинствените градови на светот. Арам Пан се качил на малечок авион за да го сними од птичја перспектива главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг. На тој начин го открил изгледот на некои од најбизарните објекти што потсетуваат на градби од научнофантастичните филмови.

фото извор: Supplied

Пан доаѓа од Сингапур и ја имал оваа ексклузивна шанса за да лета над градот снимајќи со камера од 360 степени, и воедно успеал да направи неколку фотографии. Резултатот е уникатен поглед над Пјонгјанг од сите агли, покажувајќи ги и модерните конструкции, како и тајните објекти на водечката партија. Патувањето го почнал во август 2013 година.

Фотографиите се како сателитски слики кои ги откриваат активностите во „Хотелот на пропаста“ во  Пјонгјанг, проект во вредност од 750 милиони долари, кој не е завршен веќе 3 децении. Пан верува дека неговиот опуштен став кон животот во Северна Кореја му помогнал да ги отвори вратите во режимот. Тој вели дека колку што е попријателски расположен, толку повеќе информации дознава и има поголем пристап.

Некое момче ги прегледувало неговите фотографии, па неколку избришало. Сепак, Пан вели дека зачувал 90% од нив.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот