X
 02.11.2016 Живот

Временска прогноза до крајот на неделата... Во сабота и недела пораст на температурите

Денес е среда, 2 ноември 2016 година, 307-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:02, а ќе зајде во 16:30 часот. Денот ќе трае 10 часа и 28 минути.

И денеска денот го започнуваме со ведро и студено утро, со утрински температури кои се малку повисоки од вчерашните но повторно под просекот за овој период од годината.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по студеното утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време, пред се поради јужното воздушно стуење и продор на потопол воздух од југ. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер кој во западните предели ќе биде засилен. Максималните дневни температури ќе достигнат до 10 односно до 19 степени. УВ индексот ќе има вредност 3.

СКОПЈЕ – Во Скопје по студеното утро во текот на денот претежно сончево и потопло време. Слаб југозападен ветер. Утринската температура од 0 степени, максималната дневна до 16 степени. УВ индекс 3.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во четврток умерено облачно време со повремени сончеви периоди, попладне зголемување на облачноста, која во вечерните часови и во текот на ноќта во северозападните, северните и североисточните предели ќе услову врнежи од дожд. Температурите од 9 до 18 степени. Во петок во раните утрински часови врнежите постепено ќе престануваат и ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди и дневни температури од 6 до 15 степени. Во сабота и недела претежно сончево време со локална облачност и пораст на максималните температури кои ќе достигнат од 10 до 19 степени во сабота, односно од 13 до 22 степени во недела.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот