X
 27.04.2016 Живот

Празнична временска прогноза: Какво време да очекуваме во наредните денови?



Во Македонија во среда уште едно невообичаено студено априлско утро со утрински температури кои ќе се движат од -3 до 4 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло. Студениот северен ветер ќе престане и ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до 12 односно до 23 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје во среда по студеното утро во текот на денот ќе биде сончево и потопло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 2 степени,а максималната дневна до 20 степени. УВ индекс 7

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност. Попладне зголемување на облачноста која во крајните западни и северозападни предели ќе создаде услови за сосема слаби локални врнежи од дожд. Дневните температури од 16 до 24 степени. Во периодот од петок до недела Македонија ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе донесе доста нестабилно време. Во петок максималните температури од 12 до 21 степен, во сабота од 17 до 26 степени, додека пак во недела ќе се движат во интервал од 14 до 23 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот