X
 13.11.2016 Наука

Ние не можеме да видиме, но човечкото тело буквално светка, благодарение на биолуминисценцијата


Биолуминисценција

Кога ќе слушнеме за биолуминисценција, веднаш на памет ни доаѓаат суштествата од морските длабочини, како што е рибите од видот „морски ѓавол“, кои користат милиони бактерии за да создадат светлина што се појавува на нивното чело, а која им помага во ловот на нивниот плен. Но, дали и кај луѓето се случува оваа појава?

Според една студија од 2009 година што ја спроведоа јапонски истражувачи, човечката биолуминисценција постои во видлива светлина, но е премногу бледа за да можеме да ја забележиме со „голо око“. 

„Човечкото тело буквално светка“, напишаа тимот од Тохоку институтот за технологија во нивната студија објавена во PLOS One. „Интензитетот на светлината што ја емитира нашето тело е илјадапати послаба од чувствителноста на нашите очи.“

До своето откритие, тимот стигна преку употребата на суперсензитивни камери што  набљудуваа пет здрави машки доброволци во текот на 20 минути на секои три часа, во соби отпорни на светлина во рок од три дена (се разбира, во периодот меѓу времето за спиење).

Тие открија дека кај учесниците што „блескаа“ во текот на денот, доцна вечерта им се појавувале забележливи светли точки околу челото, вратот и образите. Бледата биолуминисценција била забележана доцна навечер.

Не станувало збор за инфрацрвена радијација предизвикана од топлина, како што изгледа на сликите. Таквите сигнали се всушност фотони (светлосни честички), а не топлина:

Биолуминисценција 2

Оваа светлина е нуспојава на нашиот метаболизам.

„Човечката биолуминисценција е резултат на високореактивни радикали што се продуцираат преку клеточното дишење во интеракција со независните липиди и протеини“, заклучува Елиот Бентли за Гардијан.

Овие ексцитирани молекули понатаму се здружуваат со флуорофорите, што можат да емитираат фотони и на тој начин ние практично светиме.

Од тимот сметаат дека на учесниците најмногу им светат главите, бидејќи тој дел од телото им е најмногу изложен на сончева светлина, што влијае врз меланинот во кожата, поттикнувајќи  светлинска реакција повеќе од другите делови од телото.

Истражувачите укажуваат дека светкањето може да се поврзи и со телесниот биолошки часовник. Според тоа, навечер, кога најмногу согоруваме енергија, тогаш најмногу и светиме.
Од тимот се надеваат дека во иднина ќе можат да ја скенираат површината на човечкото тело за да го измерат нивото на светлина, што би можело да индицира на метаболички промени и состојби.      
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука