X
 24.11.2016 Технологија

Најскапиот воен разурнувач на сите времиња, лебди во водите на Панамскиот канал


Најскапиот разурнувач на сите времиња, USS Zumwalt, на американската воена морнарица, се расипал додека пловел во Панамскиот канал.

Најскапиот воен разурнувач на светот

Додека поминувал низ Панамскиот канал, на американскиот ракетен разурнувач со футуристички карактеритики и во вредност од неверојатни 4,4 милијарди долари, му откажале моторите. Така од суперскап воен брод, се претвори во суперскап пловен објект кој останал да лебди во водите во каналот, па морале да го одвлечат со помош на реморкери во поранешното воено пристаниште Родман во Панама. Таму инженерите ќе се обидат да го отстранат проблемот со погонот.

Проблемот се појавил во понеделникот додека бродот пловел од источниот брег на САД кон Сан Диего, пренесува Гардијан.

Портпаролот на американската Трета флота, командантот Рајан Пери, истакнал дека распоредот за пристигнувањето на Zumwalt  во Сан Диего ќе остане флексибилен, за да се овозможи темелно тестирање и оценување на капацитетот на бродот, со цел да се осигура што побезбеден пат до новиот дом во пристаништето Сан Диего.

USS Zumwalt е произведен од компанијата Bath Iron Works со седиште во американската држава Мејн.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија