X
 29.11.2016 Наука

НАСА предизвик: 24.000 евра за тој што ќе одговори на прашањето!

НАСА започна со натпревар за сите научници - она што треба да го направат е да одговорат на необичното прашање: Како астронаутите да одат во вц и секако, менструалниот циклус кај жените.

 

наса


За оној кој ќе го реши овој проблем НАСА нуди 30.000 долари односно 24.000 евра.

Имено, моментално не постои ефикасен систем за отстранување на овој отпад кој би можел да се вклучи во вселенското одело, а НАСА очекува дека за време на патувањето на Марс или на некој астероид, астронаутите ќе бидат и до шест дена без можност да извршат некаква физиолошка потреба.

Научниците имаат рок до 20 декември да ги поднесат предлозите, проектите и дизајните за систем кој сам ќе функционира во периодот од шест дена.

Во описот на повикот се наведува дека пелените не се здрава ниту реална опција која може да трае шест дена. Притоа, додека се во оделото, за астронаутите не е возможно да го допрат своето тело.

Токму затоа им е потребна помош од пронаоѓачите и научниците низ светот - на астронаутите им е потребен систем кој ефикасно ќе ги чисти фекалиите, урината или менструалното крвавење, без никаков ризик од инфекција.

Целта на НАСА е да избере три предлози, а овие предлози ќе ги тестира во наредната година со што целосно ќе ги имплементира во оделото во наредните години.

Исто така, НАСА најави дека првиот човечки екипаж ќе отпатува на Марс во наредната деценија.

Деталите од огласот можете да ги пронајдете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука