X
 14.12.2016 Живот

Научниците тврдат: Среќата зависи од здравјето и пријателите, а не од богатството

Истражувањата низ годините велат дека справувањето со ментално здравствените проблеми е поефикасно од намалување на сиромаштијата за зголемување на стапката за среќа

Во голем дел вината за човечката мизерија може да се префрли на неуспешните врски и физичката и ментална болест, отколку на проблемите со пари и сиромаштија, според една студија спроведена од научниците на Лондонската школа за економија.

Елиминирањето на депресијата и анкциозноста би ја намалила мизеријата од 20 проценти на 5 проценти, доколку креирачите на политики би се фокусирале на елиминирање на сиромаштијата, открива извештајот.


среќа


Лордот Ричард Лејард кој го водеше извештајот вели дека во просек луѓето не се посреќни во последните години и покрај тоа што просечните приходи двојно се зголемиле.

Економистот и поранешен советник на Тони Блер и Гордон Браун ја именува студијата „Потеклото на среќата“, а со неа се покажа дека мерењето на задоволството на луѓето од своите животи треба да биде приоритет на секоја влада.

Научниците анализирале податоци од четири земји, вклучувајќи ги САД и Германија. Дополнителните трошоци за намалување на менталните болести може да биде со само-финансирање, додаваат научниците бидејќи владата тоа ќе го покрие со високата вработеност и зголемување на даночните приходи и намалување на медицинските трошоци.

Лејард вели: Справување со депресијата и анксиозноста би било четири пати поефективно, како и борбата против сиромаштијата.

Извештајот ги поддржува аргументите изнесени од страна Лејард, што биле евидентирани во текот на неколку децении дека социјалните и психолошките фактори се поважни за благосостојбата на поединците од нивоата на приходите.

Во извештајот се тврди дека државните организации, вклучувајќи ги и училиштата, мора да станат повеќе фокусирани на борбата против анксиозноста и на прашањата за менталното здравје.

„Овој доказ бара нова улога за државата, не за создавање на богатство, туку создавање на благосостојба. Во минатото, државата успешно се борела против сиромаштијата, невработеноста, образованието и физичкото здравје. Но подеднакво важни прашања сега се: семејното насилство, алкохолизам, депресија и анксиозност, отуѓени млади луѓе и многу други. Овие прашања треба да бидат во центарот на вниманието"- тврди Лајорд.

Извештајот ќе биде претставен на конференцијата во Лондон во понеделник, во организација на „LSE“ и Организацијата за економска соработка и развој.
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот