X
 09.01.2022 Живот

Самотијата и осаменоста се различни. Едната ја одбираме, другата се случува

Самотијата и осаменоста се чувства кои се чести, но различни, велат психолозите. Во самотијата може да влеземе по сопствена волја доколку ни е потребен мир. Таа најчесто е благотворна, но треба да се постават граници за времето за себе да не се претвори во осаменост која е поинтензивна за време на празниците.

Самотијата и осаменоста имаат допирни точки. Клучната разлика е во тоа што самотијата може свесно да се одбира, а осаменоста е болна емотивна состојба. Осаменоста се одликува со самотија, но и чувство на празнина и напуштеност од другите. Таа може значајно да ја наруши самодовербата.


Фото: Pixabay

Многу луѓе се чувствуваат осамени и кога се во друштво, а често осаменоста е и манифестација на депресијата. Ова особено се однесува на лицата што немаат партнер или блиско семејство. За овие луѓе, празниците може да бидат трауматични и може да проектираат дополнително чувство дека лицето не е вредно и затоа е само.

Самотијата и осаменоста може да бидат неизбежни во случаи како преселба или губење на некој близок. Психолозите ги советуваат лицата што немаат партнер или семејство да се обидат да не очајуваат поради тој факт. Според нив, не треба да дозволите мислите или чувствата да ве одведат во потрага по партнер по секоја цена, особено ако штотуку сте излегле од врска или брак.


Фото: Pixabay

Препознајте ги добрите страни на животот без партнер и правете го она што ве прави среќни. Потсетувајте се и на позитивните работи кои се околу вас и кои ги имате. Фокусирајте се на она што го имате, а не на она што го немате.

Дружењето е нешто што ги прави среќни луѓето, но многу луѓе се осамени и кога не се сами. Проценете дали дружењето со некои луѓе ви прави задоволство или прави да се чувствувате полошо. Конечно, може да направите нешто за другите иако не добиете ништо назад. Ова помага да добиете друга перспектива во животот и прави да се чувствувате добро.


Фото: Pixabay

Не заборавајте дека празниците кратко траат. Сјајот, рекламите и еуфоријата поминуваат, а луѓето се враќаат на себеси и на она што навистина се. Во тоа е вашата сила, како и на секој од нас.

Извор: Eklinika
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот