X
 17.12.2016 Живот

Студија откри: Многу пилоти страдаат од депресија, но не зборуваат за тоа

Еден од 10 пилоти покажува знаци на депресија. Што е тоа што професионалните пилоти ги прави толку ранливи?

Истражувачкиот тим на за безбедност при работа и заштита на здравјето во животната средина, Џозеф Ален од Школата за Јавно Здравје на Хардвард испитуваше 3.500 пилоти анонимно преку онлајн анкета. Околу половина од учесниците одговарале на сет прашања за нивната психолошка состојба.

Во нивната анализа медицинските експерти откриле дека 12.6 проценти од учесниците покажале знаци на депресија. Во просек стапката е помеѓу 4-7 проценти, а околу 4 проценти рекле дека имале мисли за самоубиство во последните две недели.


пилоти


Оние кои биле засегнати со овие размислување биле меѓу другото и пилоти, кои имале историја дека доживеале сексуално или вербално малтретирање. Но пилотите генерално не зборуваат за психолошките проблеми, открила студијата.

Ален бил цитиран од германската новинска агенција DPA кој изјавил дека постои „превез на тајноста“ во врска со психолошките проблеми во пилотската кабина. Студијата беше објавена во четвртокот, на 15 декември во списанието „Environmental Health“- пренесува Дојче Веле.

Резултатите од студијата го изненадиле Маркус Вал, пилот и портпарол на германскиот синдикат „Vereinigung Cockpit“. Вал одбил да коментира за бројките во студијата. Но тој објаснил зошто пилотите се склони да страдаат од депресија отколку луѓето од другите професии.

„Пилотите може да бидат повеќе изложени бидејќи тие работат во високо-ризична средина. Нивните одлуки може да ги загрозат човечките животи. Исто така и притисокот расте на работното место. Тие мора да донесуваат одлуки, што води до стрес кој подоцна се претвора во психолошки болести“- образложил Вал.

Некомпатибилност: работа и семејство


Еден клучен фактор што предизвикува стрес кај пилотите е отсуство подолг период од дома.

„Постојат моменти кога пилотите поминуваат 20-22 дена во хотелски соби. Тоа е голем товар за пријателите, семејството и партнерите. Сите овие лични односи се многу важни за справување со стресот. А кога се на работното место тие може да се грижат за проблемите дома со денови. На пример ако постои некој проблем во семејството пред пилотот да замине на следниот лет, тој може да е загрижен неколку дена. Може и да не постои начин да го реши проблемот со телефонски повик поради различните временски зони“- вели Вал.   

Денес пилотите имаат помалку време отколку што беше тоа случај пред неколку децении. Така на многу аеродроми времето од 60 минути за следниот лет се намали на 35 минути, па така дури и најмал проблем во вакви околности може да предизвика голем стрес кај пилотот.

„За време на ова кратко време тие мора да се јават во канцеларија. Ситните дефекти некогаш не е можно да се поправат на лице место. Тие може да се поправат подоцна. Но вие мора да направите телефонски повик и да напишете се во дневникот и се да биде евидентирано. Постојат голем број на законски прописи, па дури и ако тоа значи дека е скршена само сијалица“- заклучува Вал.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот