X
 24.06.2023 Здравје

Пилулите за контрацепција го зголемуваат ризикот од депресија кај жените

Ризикот од депресија и факторите кои придонесуваат за неа се предмет на проучување на научниците. Депресијата е една од најчестите ментални болести, а честопати ризикот од депресија вклучува комбинација на внатрешни и надворешни фактори. Според едно ново истражување, употребата на орална контрацепција може да придонесе за ризикот од депресија.

Студијата покажува дека жените кои користат апчиња за контрацепција може да имаат дури 130 отсто зголемен ризик од депресија, особено во првите две години од употребата на орална контрацепција, во споредба со оние кои никогаш не ги користеле.

Истражувачите разгледале податоци од над 264.000 жени во Обединетото Кралство. Меѓу овие жени, околу 80 отсто користеле апчиња за контрацепција во одреден момент. Научниците истражувале како земањето апчиња за контрацепција и користењето на лекови за контрола на хормоните се поврзани со депресијата.


Фото: Pixabay

Врз основа на анализата, истражувачите откриле дека првите две години од користењето на контрацептивните таблети биле поврзани со зголемени стапки на депресија, што не било случај кај жените кои никогаш не користеле орални контрацептиви. Жените кои престанале да земаат апчиња за контрацепција, а ги користеле во адолесценцијата, сепак имале зголемен ризик од депресија. Меѓутоа, немало поврзан ризик од депресија за возрасните жени две години по прекинување на контрацепцијата.

- Можно е хормонските контрацептиви да влијаат на менталното здравје бидејќи овие лекови делуваат така што го менуваат нивото на хормоните, што може да влијае на расположението и регулацијата на емоциите - објаснил докторот Рајан Султан. Сепак, студијата има клучни ограничувања.

Прво, се потпирала на самостојното известување на учесниците, поради што постои ризик од грешки. Освен тоа, постои и ризик од пристрасност во изборот на учесници кои се типично поздрави од општата популација. Истражувачите, исто така, имале ограничени податоци за видот на пилулите кои ги користеле учесниците.

Извор: Eklinika
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје