X
 18.10.2016 Живот

Што е потребно за да ја надминете депресијата?

Постојат личности кои едноставно се премногу добри, премногу се грижат и се поемотивни од останатите. За да ја надминете депресијата потребно е да престанете со навиката постојано да го добивате одобрението на луѓето. Се разбира полесно е ова да се каже отколку да се примени.



 



Оние кои се погодени од депресијата се лицата кои им удоволуваат на другите. Ироничното во сето тоа е што нивните постапки од останатите се оценувани како себични.

Кај
емотивните луѓе се јавува чувството за тешкотија при донесувањето одлуки и големо осврнување на сето она што другите имаат да го кажат. Многу влијае и стравот од одбивање што често се јавува кај луѓето, а тоа носи само стрес, нервоза, а исто така е и исцрпувачко.

Преголемото приврзување со останатите само доведува до чувство на вина кога луѓето си заминуваат. Универзалната вистина е дека единствената личност на која и потребно задоволување и внимание од ваша страна, сте самите вие.

Доколку некои
луѓе премногу се грижат, она што ќе го добијат од средината за возврат секогаш ќе биде малку во спроедба со нивните чувства, што резултира со постојани разочарувања.

Но, човекот мора да се осознае себеси и да биде задоволен со самиот себе. Никој не успеал да ги задоволи сите околу себе, бидејќи сите се различни и индивидуаи сами по себе. Позитивната себичност ќе ви помогне да бидете свои и вашите потреби да бидат на врвот од вашите приоритети. Ослободете се од вината која ја чувствувате и за промена, мислете на себе и започнете повеќе да се цените и сакате, за да можат и останатите да ве почитуваат и ценат онакви какви што сте. 


Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот