X
 20.12.2016 Технологија

Владата на САД објави нов план за борба против пиратските сајтови

Американската Влада објави нов план за борба против пиратеријата која е именувана како „Joint Strategic Plan for Intellectual Property Enforcement“. Постои силен нагласок на „следење на парите“ заедно со уништување на пиратското рекламирање, резултатите во пребарувањето како и злоупотреба на социјалните медиуми.

Планот го објави канцеларијата на координаторот за спроведување на правата на интелектуална сопственост на САД.    


пиратерија


Тој ги содржи ставовите на различните засегнати страни од Владата, индустријата, образовните институции, трговските организации и групите од јавен карактер, нуди детален план за работата која треба да се направи во наредните 3 години од страна на Федералната Влада, се наведува во соопштението од Белата Куќа.

Планот има 4 наведени цели:

- Јакнење на националното разбирање на економското и социјално влијание кое произлегува од отуѓување на деловните тајни и повреда на интелектуалната сопственост.

-Промовирање на безбеден интернет и минимизирање на влијанието на интернет активностите со спорни IP адреси.

- Безбедна и олеснителна законска трговија.

-Унапредување на домашните национални стратегии и глобална соработка за поддршка за ефикасно извршување.

Иако на исклучувањето на сајтовите се гледа како на „ултимативно антипиратско средство“, властите често истакнуваат дека е потребно да се следат парите кои ги генерираат сајтовите. Во извештајот се порачува дека додека оригиналната содржина е многу скапа за креирање, пиратеријата е речиси бесплатна, што носи големи профити за луѓето што се занимаваат со пиратерија кои треба да се следат. 
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија