X
 06.08.2016 Технологија

Каде е највисока стапката на пиратерија во светот?

Темелна анализа на милијарди посети од секаде низ светот на торентите, стримингот и сајтовите за преземање, покажа дека Европа е жариште за пиратерија. Стапката на пиратство е највисока во Латвија, кадешто речиси половина од населението  посетува пиратски сајтови. Всушност, сите топ 10 земји кои најмногу посетуваат пиратски сајтови потекнуваат од Европа.

 

пиратерија


И покрај зголемената достапност на законските можности, онлајн пиратеријата останува неконтролирана. Луѓето ги посетуваат пиратските страни стотици милиони пати на дневна основа.

Веб сајтот за следење на пиратеријата „MUSO“ направи анализа на 14.000 од најголемите светски сајтови за пиратерија. Севкупно, компанијата забележа 141 милијарда посети на пиратските страни само минатата година.

Но, од каде доаѓаат пиратите?

Во апсолутни бројки, Америка се наоѓа на врвот. Со приближно 10 милијарди посети на сајтовите за стриминг и над 3 милијарди торент сајтови, Америка ги победува другите земји. Ова не е изненадување со оглед на тоа што Америка е една од најголемите земји во светот со висока интернет пенетрација.

Но, работите стануваат интересни при анализирањето на стапката на пиратство врз основа на бројот на интернет корисници ширум светот. Овие анализи, според пиратскиот сообраќај покажуваат дека Европа има доста голем проблем со пиратеријата. Всушност, сите 10 земји со највисока стапка на интернет пиратерија се од Европа.

Лaтвија се наоѓа на врвот. Дури 46% од корисниците на интернет посетуваат пиратски сајтови. После неа е Бугарија, Литванија, Хрватска, Шпанија и Грција. 10-те земји  ги заокружуваат Србија, Ирска, Романија и Шведска.

Првата не-европска земја која се појавува на листата од топ 50 е Австралија, со пиратска стапка од 16% по која следува Израел.  Интересно е тоа што Америка е една од земјите со најниска стапка на пиратерија, под 5%. Велика Британија исто така има ниска стапка на пиратерија со 8%.

Германија е земја со доста ниска стапка на пиратерија, каде помалку од 2% од интернет популацијата се „пирати“. Виетнам ја завршува листата со нешто повеќе од 1%.

Анализата вклучува посета на интернационалните и локалните пиратски сајтови, а „Muso“ верува дека ова е прецизен преглед на глобалната пиратерија. Листата е направена врз основа на податоците од 2015 година.

Во продолжение се топ 50-те земји во обратен редослед. Кина, Јапонија и Кореја се исклучени од истражувањето бидејќи „MUSO“ немаше доволно податоци за овие земји. Македонија не се појави меѓу топ 50-те земји.

 

5
4
3
2
1

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија