Извор од британската влада изјави дека денес премиерката Тереза Меј, со Членот 50 од Лисабонскиот договор, да го укине и правото на слободно движење на државјаните на ЕУ во Велика Британија.
Во спротивно, „половина Романија и Бугарија“ би дошле во Велика Британија пред Брегзитот.
Државјаните на ЕУ кои ќе пристигнат во Велика Британија после 15 март нема да бидат во можност неограничено да останат во оваа земја.
Според планот, околу 3.6 милиони државјани на ЕУ кои веќе живеат во Велика Британија и оние кои ќе дојдат пред наведениот датум, ќе ги имаат истите права како и претходно.
Официјалните претставници на ЕУ веруваат дека крајниот датум на престанокот на правата на државјаните од блокот за слободно движење треба да биде денот кога Британија
официјално ќе излезе од членството.
Не е познато дали планот на британската влада крши некои од договорите на ЕУ со кои се гарантира слобода на движењето.