X
 21.01.2017 Образование

Турција одлучи да не ни ги признава дипломите, како ова ќе се одрази на нашите студентите што учат таму?

Турција одлучи да го раскине договорот со Македонија за признавање на македонските дипломи од сите образовни нивоа, но засега нема одговор од македонските институции што значи оваа одлука, дали ќе влијае некако на македонските студенти кои студираат во Турција и на турските студенти кај нас, кои се исто така многубојни. Одлуката, потпишана од претседателот Реџеп Таип Ердоган, Турција вчера ја објавила во службен весник и во неа пишува дека била донесена лани во декември, на предлог на турското Министерство за надворешни работи, a стапува на сила на 11 февруари.



За порталот „Сакам да кажам“, од Министерството за надвоешни работи на Македонија добиле изјава дека непризнавањето на македонските дипломи во Турција е резултат на претходен договор меѓу надлежните институции на Македонија и на Турција
-Донесувањето на ваквата одлука е дел од усогласувањето дека ни билатералниот договор од 1998 година треба да престане да важи, затоа што двете држави ја ратификувале Лисабонска конвенција на Советот на Европа и на УНЕСКО. Наведената конвенција е усвоена во Лисабон на 11 април, 1997 и е ратификувана од поголем број на европските држави меѓу кои се и Македонија и Турција-, изјавиле од МНР за Сакам да кажам.

Инаку, според Лисабонската конвенција, дипломите и периодите на студирање мора да бидат признаени, освен ако институцијата задолжена за признавање не докаже дека има суштествени разлики.

Во Турција студираат многу македонски студенти кои таму најчесто добиваат и стипендии. Турски студенти има и на нашите државни универзитети, па логично е тоа дека веќе почна да се шири паника меѓу студентите што ќе значи ова за нив. Од Министерсвото за образование и наука само кратко ни изјавија дека наскоро ќе има соопштение на оваа тема.
Подготвил: М.Ф

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование