X
 05.02.2017 Живот

Луксуз каков што можете да сонувате: Патување низ светот за 14 милиони долари

И додека ние обичните смртници треба да се мачиме по автомобилите и автобусите, да фаќаме возови или да летаме во економска класа во авионите, оние најбогатите во патувањата можат да уживаат на многу поудобен начин.

патување

Компанијата „DreamMaker“ која се занимава со луксузни патувања, во својата понуда за август 2017 година ќе има авантура околу светот за 20 дена која ќе понуди посета на 20 големи светски градови за еден посебен богат среќник и неговите/нејзините 49 пријатели кои се подготвени да издвојат 49 милиони долари. Е ова се вика епско патување!

Бидејќи за пат околу светот е потребно човек да помине доста време патувајќи, важно е превозното средство да биде соодветно. Па така, за ова луксузно патување следува и луксузен приватен „Боинг 747“, додека пријателите ќ патуваат во помалку луксузни, но екстравагантни „Боинг Бизнис“ авион.

2

Со оглед на тоа што патниците 12% од времето во текот на тие 20 дена ќе ги поминат во воздух, овој аспект мора да функционира совршено, секој патник има некој кој ќе се грижи за неговите потреби па тука се вклучени приватни готвачи, сомелиери, најдобри јога инструктори кои на патниците ќе им помогнат да се релаксираат и одморат за време на летот преку специјално дизајнирана програма која комбинира хипнотерапија, ајруведска медицина и акупунктура.

Секој патник добива метално стапче и со глобус на врвот, на кој има 20 бели дијаманти за сите 20 локации кои ќе ги посети, со посебен син дијамант кој потсетува на „пловење“ низ синото небо.

3

Што ќе се прави низ градовите се` уште не е познато меѓутоа се знае дека патниците ќе посетат локации како што се Катманду, Кох Самуи, Агра, Фиренца, Сиена, Кан, Лондон, Барселона, Ибица, Марбеле, а патувањето завршува во Манила.

За да не биде се` чиста декаденција, во текот на патувањето ќе се одржи хуманитарен настан, односно покер турнири со професионални играчи за награда од 500.000 долари кои одат за хуманитарни цели - дел од парите ќе бидат дадени за купување 2.500 велосипеди за децата од Камбоџа, изградба на систем за водоснабдување за 50.000 деца на Филипините и опремување на болница која се грижи за 50.000 тешко болни деца во Велика Британија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот