X
 06.03.2017 Култура

Норвешка против троловите: Нема коментирање ако не се прочита цела статија

Норвешката медиумска куќа „NKR“ на својата информативна интернет страна воведе ново правило: не можете да оставите коментар ако не сте ја прочитале приказната.

коментар

А како страницата ќе знае дали навистина сте ја прочитале статијата? Воведено е задолжително пополнување на тест.

Новата опција моментално се тестира на мал број страници, воглавно на оние посветени на технологија.

„Тестовите на знаење“ ги пишуваат новинари, а прашањата не бараат многу, колку само да покажат дека читателите ќе фрлат поглед на текстот пред да се упатат на дното на страницата.

„Ако сите се согласиме околу тоа за што зборува статијата, тогаш ќе имаме и многу подобра основа за коментирање на напишаното“, наведуваат новинарите од медиумската куќа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура