X
 30.11.2016 Култура

Калегзит: Дали Калифорнија ќе ја напушти Америка?

2

 

Калифорнија е различна од останатите држави во Америка. Во тоа се толку уверени нејзините жители, што започнаа да се залагаат за самостојност на оваа држава.


Дали после Брегзитот ќе следува и Калегзит? „Yes-California“ е кампања која ја поддржуваат околу 11.000 луѓе, а некои од нив веднаш после победата на Трамп на претседателските избори бараат излегување на оваа сојузна држава од Америка.

Кампањата за независност на Калифорнија постои веќе подолго време, но после претседателските избори доби посилен замав. Калифорнија е традиционално демократско, а тоа се виде и на овие избори.

Калифорниската Сицилиумска долина застана исклучиво позади Хилари Клинтон. И токму таму, во домот на „Facebook“, „Google“ и „Apple“, постојат многу луѓе кои сакаат да се случи Калегзит. Пример за тоа е Шервин Пишевар, инвеститор кој на својот „Twitter“ профил објави дека сака финансиски да ја поддржи оваа кампања, а претседателот Барак Обама порача дека ќе се повлечи од правниот одбор на програмата за размена на научниците „Fullbright“ бидејќи, како што вели, не би можел да ја извршува оваа должност со чиста совест додека Трамп е претседател.

 

1


„Ако некој може тоа е Калифорнија...“

На многу граѓани на Калифорнија не им се допаѓа политиката на омраза кон странците што ја шири Трамп. А Калифорнија е една од доселеничките американски сојузни држави во која живеат многу Латиноамериканци. Шефот на полицијата во Лос Анџелес, Чарли Бек неодамна изјави дека нема да ја поддржи политиката на Трамп за протерување. И инвеститорот Пол Холанд гледа добри причини за излегување на Калифорнија од Америка. „Ако некој може, тогаш тоа е Калифорнија - ние сме шестата економија во светот, и сами би можеле да обезбедиме храна и работни места“.

За активистите на движењето „Yes-California“ независноста не е интересна само поради неконзистентните политички ставови, туку првенствено поради силната индустрија на оваа најнаселена американска сојузна држава во која живеат 38 милиони луѓе. Силициумската долина, производството на вино и туризмот - ова се гаранциите за големи даночни приходи. Се разбира, голем дел од овие приходи одат во Вашингтон - што ужасно ги нервира поддржувачите на Калегзит.

Но, колку реално може да се случи Калегзит? Политичките експерти се сомневаат во тоа дека е возможно да се реализира. Во американскиот устав се наведува дека една земја може да се приклучи на Америка, но не е наведено дали една земја може да излезе од Америка. Последниот збор секако го има владата во Вашингтон. Но, и други сојузни држави се залагаат за независност, како на пример во Тексас, иако досега немало некој голем успех.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура