X
 02.04.2017 Образование

Свечена церемонија на БАС: Ќе се доделат околу 100 признанија за дипломирани оперативни менаџери и МБА специјалисти по стратегиски менаџмент

Денес се одржува свечена церемонија по повод доделувањето на дипломи на Бизнис академијата Смилевски – БАС. Настанот се случува во Хотел Холидеј Ин во Скопје, каде признание за својот професионален развој ќе добијат околу 100 Дипломирани оперативни менаџери и МБА Специјалисти по стратегиски менаџмент.



Академијата е незаменлив генератор за развој на бизнисот во Р. Македонија и пошироко. Создава вредност која не може да се мери со пари, образува млади луѓе и генерира високообразовни кадри за иднината. Вредноста на оваа Академија се потврдува и со поместување на скалилата на националната ранг листа, докажува и ќе ја докажува нивната вредност и нивниот влог во квалитетот на високото образование.

На овој свечен чин се доделуваа и посебни признанија и благодарници за истакнати партнерски организации и ментори за теренска студентска практика, како и за најдобрите студенти на оваа генерација.

На сите дипломанти им го честитаме успехот и им посакуваме напредок во нивниот професионален и кариерен развој!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование