X
 14.10.2016 Издвојуваме

Уписи на БАС: MBA дипломата е карта за влез во топ-менаџментот



На Бизнис Академијата Смилевски во тек се уписите за последипломски студии по Стратегиски менаџмент, едно или двогодишна струдиска програма од втор циклус на студии. Носи 60, односно 120ЕКТС, зависно од тоа дали студентот е со завршени четиригодишни или тригодишни додипломски студии. Од областа на економските науки во последните неколку години од особено значење е дипломата MBA (Master of Business Administration). Од БАС велат дека иако не е непозната ниту ретка во земјава, она што тие го нудат е што начинот на студии се разликува од повеќето, ако не и од сите студии во ова поле во Македонија.

- За овие студии БАС организира интерактивна настава за своите студенти, што често не е случај кај повеќето од останатите високообразовни установи каде студирањето се одвива менторски (индивидуални средби со професорот, по потреба). Предметите се слушаат консекутивно (предмет-по-предмет) со што студентот се фокусира на само еден аспект од стратегискиот менаџмент во текот на двете недели додека се слуша предметот. Наставата се одвива во попладневните часови во текот на работната недела, на студентски средби кои се во времетраење од 2 до 3 часа. Секоја од петте средби кои се распоредени најчесто преку еден работен ден, се состои од два дела – предавање и дискусија на дадена студија на случај преку која студентите ги дискутираат своите искуства при барањето на решението во зададената студија - велат од оваа високобразовна институција. БАС е и единствената високообразовна установа во Македонија која ги нуди модулите Менаџерско консултантство, Менаџмент на големи настани и Менаџмент во културата, покрај веќе понудените Стратегиско водство, Проектен менаџмент и Менаџмент на човечки ресурси. Изборните модули им овозможуваат на студентите да се профилираат во конкретната професионална сфера, овозможувајќи им во исто време да се стекнат со најчестобараната диплома за кариерно напредување насекаде во светот – MBA – Master of Business Administration.

- MBA дипломата е карта за влез во топ-менаџментот. Со ваква стручна подготовка, студентот се стекнува со вештини за стратешко водење на оддел или цела организација. Вообичаено, при влезот на позициите од високиот менаџмент, вештините за стратешко планирање и менаџмент, водство и иновации и водење на организациските промени се главните предуслови за успешна работа на кандидатот. Доколку станува збор за проекти, оваа диплома служи за кандидирање на високите позиции во раководењето на проектот – проектен менаџер, програмски менаџер или проектен координатор. Во деловните потфати како што се подготовка и организирање на големи манифестации, фестивали, политички или комерцијални собири од отворен тип, вештините стекнати на оваа студиска програма ги покриваат сите аспкти на успешно планирање и спроведување на комплексните активности позади главната бина и зад кулисите. Посебно е интересен модулот Менаџерско консултантство каде студентот совладува стандардизирана и веќе испробана методологија за процесно консултантство со која може да се понуди како целосно подготвен консултант за спроведување на организациски промени кај сите и секаков вид организации, од мали стартап-бизниси, па се до големи корпоративни клиенти кои вработуваат по повеќе од илјада вработени. Накратко, сите аспекти на оваа студиска програма се фокусирани на развој и совладување на конкретни професионални менаџерски вештини за стратешко водење на еден деловен или администратевен потфат - велат од БАС.

„Остручи се“, курсеви за неформално образование

Како Висока стручна школа, БАС има законска можност да нуди дел од своите студиски програми во вид на курсеви (неформално образование), но во исто време и да додели стекнати кредити (ЕКТС) за тие курсеви согласно акредитираните студиски програми.

- Еден од пакетите кои ги нудиме под насловот „Остручи се“, вклучуваат комбинации од предмети, најчесто понудените модули, а според потребите на бизнисот. Во последно време популарна е едногодишната програма за Надзорнички менаџмент (модул од 11 предмети) која се фокусира на професионалните потреби на бизнисите во развој кои имаат производни погони или поголеми продажни тимови. Школата за надзорници ги остручува оние вработени кои добиле кариерно унапредување во надзорник/бригадир/шеф, но кои немаат формална или неформална подготовка за ваквата позиција. Едногодишната школа, (за која кандидатите стекнуваат 70ЕКТС) има за цел да ги развие надзорничките вештини кај новопоставените менаџери од прво ниво – линиски менаџери. Најчести клиенти за оваа едногодишна програма се компаниите кои вложуваат во својот развој и во развојот на своите вработени - објаснуваат од БАС.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Издвојуваме