X
 18.04.2017 Живот

ЦИА ја разоткри најголемата тајна на Америка: кој би владеел со земјата во случај на нуклеарна војна


Илустрација: Доналд Трамп
(Фото: Kurir)

Документите на ЦИА откриваат дека Америка се подготвува во случај на нуклеарен напад, јавува Курир.

Поранешниот американски претседател, Џими Картер, на крајот на 70-тите години од 20. век почнал да прави сериозни планови како би се однесувала и функционирала државата во случај на избивање на нуклеарна војна.

Во случај на нуклеарен напад, плановите предвидувале челниците на главната команда да наредат преместување на 60 функционери од извршната власт на една од сигурните локации , од кои примарна е онаа во истражувачкиот центар „Mount Weather Emergency Operations Center“ во Вирџинија. Меѓутоа, се востановило дека авионските сили немале доволно летала за да ја извршат оваа задача. Освен тоа, било констатирано дека е потребна и обнова на нуклеарните засолништа, но и нови процедури за евакуација на популацијата. Тогаш и дополнително сфатиле дека сценарио за однесување во случај на нуклеарен напад не бил опфатен ниту во воените вежби.

Затоа Картер наредил да се обедини националната програма за цивилна заштита како би можело да се обезбеди преживување на 80 проценти од населението.

Тогаш Картер оформил и механизам  што ќе обезбеди форма на команда и наредување во случај на нуклеарен напад. Главниот план предвидува да се подготват пет „меѓуагенциски тимови“ од по 50 луѓе, кои би биле разместени на различни сигурни локации, од каде би ги извршувале сите функции на извршна власт, а првична цел би им била да го пронајдат вистинскиот претседател, односно државникот со највисок ранг кој го преживеал нападот.

Тимовите би комуницирале меѓусебно и и со преживеаните од Пентагон, би примале разузнавачки информации и би биле ви контакт со државните и локалните власти. Секој тим е осмислен на начин да може да дејствува и половина година самостојно, а освен тоа, во плановите на Картер постојат и упатства како повторно да се оформи Конгресот, да се мобилизираат нацоналните ресурси како и многу други работи.

Инаку, Роналд Реган не бил задоволен од Картеровите планови, и сметал дека е недоволно да обезбедуваат преживување на Кабинетот на претседателот. Но неговиот советник, Томас Рид, го убедил само да направи корекции во веќе постоечките планови од Картер. Колку и како напредувале овие планови до денес е врвна национална безбедносна тајна.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот