X
 27.08.2017 Живот

Катастрофалните последици од ураганот Харви

„Очекувајте алигатори. Тие едноставно бараат повисоки области. Оставете ги додека водата не се спушти“, изјави локалниот шериф на округот Форд Бенд во Тексас.

харви
Фото: Reuters

Ураганот Харви бил со брзина од 200 километри на час и се смета за најсилен ураган после Катрина, што ја погоди Америка во 2006 година, носејќи околу 1,800 жртви, рушејќи го Њу Орлеанс. Катрина имала сила од 5, а Харви сила од 4, но потоа ја намали силата на 1. Сепак во малиот приморски град Рокпорт успеал да предизвика голема штета.

Американскиот претседател Доналд Трамп за подрачјето на кое удри Харви официјално прогласи природна катастрофа, што во Америка е важно бидејќи ваквиот статус значи сојузна помош кон погоденото подрачје. Иако интензитетот на ураганот е намален, на бреговите се очекуваат бранови со смртоносна сила, за кои директорот на Сојузната агенција за интервентни дејствувања, Брок Лонг, вели дека може да се очекува да усмртат најголем број луѓе и да предизвикаат најголеми оштетувања.

Две лица го изгубиле животот во саботата кога Харви, најсилната бура што ја погоди Тексас во период од 50 години стигнала до копното оставајќи без струја повеќе од 230,000 луѓе.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот