X
 30.04.2017 Култура

„Солзите на Теодор“ - Приказна за српскиот дедо ја враќа надежта за подобар свет

teodor
Фото: Youtube/Screenshot

Британската хуманитарна организација „Christian Aid“ посвети видео за Теодор Давидовиќ, Србин кој од раѓање ги почувствувал ужасите на животот. Бил сирак, војувал во Втората светска војна, а после сите неволји кои му се случиле, тој одлучил додека може, несебично да им помага на другите.

Иако често пати помислуваме дека светот е сурово место за живот и дека не постојат добри луѓе кои се подготвени да им помогнат на другите, од време на време ќе се појави вест која ќе нè демантира.

91 годишниот Теодор Давидовиќ позади себе има неверојатна животна приказна која е преточена во моќен три-минутен анимиран филм во кој тој е нараторот.

Како дете останал без родители во  Србија, во Втората светска војна се борел против Германците. Неговата интересна приказна не завршува тука, туку започнува. После завршувањето на еден од најкрвавите судири во историјата на човештвото, Теодор се нашол во бегалски камп во Италија и Германија. Вели дека камповите потсетуваат на оние кои денес ги гледаме во Либан и Сирија.

Пресвртната точка се случила кога добил пакет храна од еден хуманитарен работник. Теодор се заколнал дека и тој во текот на целиот живот ќе им помага на другите. Патот го однел во Шкотска, каде на 22 годишна возраст се вработил како рудар. Судбината сакала со неговата идна сопруга Бети да се сретнат во сала за танци во Киркладиј.

Бил член во британската хуманитарна организација „Christian Aid“, која го направила анимираното видео за него.

„Христијанството не е само човек да се моли и да пее црковни песни, туку да ги стави своите верувања во акција и да се помогне на оние на кои им е потребна помош. Веќе сум на крајот на животот. Бог ми даде сила да поживеам толку. Знам дека има планови за мене“, вели Теодор Давидовиќ на крајот од видеото.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура