X
 13.05.2017 Образование

Проф. Дарко Данев, декан на Машинскиот факултет: „Сакаме нашите студенти кога ќе излезат од факултетот да имаат повеќе практични познавања“

Матуранти од земјава денеска имаат можност да се информираат за студиските програми и практичната работа што ја нуди „Машински факултет” при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. На штандови, но и во просторите на установата на отворениот ден потенцијалните студенти ги посетуваат лабораторите и училниците.

Помладите професори и асистенти им ги презентираат студиските програми, предметите и вежбите кои доколку се запишат ќе ги изучуваат. Од почетокот на академската 2017/2018 година на факултетот ќе се изучуваат 11 нови студиски програми, коишто годинава се акредитирани, од Одборот за акредитација и евалуација. Деканот на „Машински факултет” проф. д-р Дарко Данев за настанот вели дека го оранизирале помадите колеги, а што се однесува за студиските програми рече дека ги имаат иновирано старите, постоечки.



-Дел од новите 11 студиски програми се индустриско инженерство и менаџмент, производно инженерство, поранешната насока која беше заварување, сега е материјали, процеси и иновации, студиска програма моторни возила, транспорт механизација и логистика, мехатроника, хидраулично енергетско инженерстви, сето тоа што го имавме во машинството е малку иновирано.  Клучно за овие студиски програми, е што при креирањето од професорите на факултетот водено е сметка да се погледнат студиските програми на прво рангираните 50 универзитетити на Шангајската листа. Да се направи споредба на нашите студиски програми со тие 50 прво рангирани во светот. Слободно можам да кажам дека близу 80 проценти, ние сме веќе усогласени со она што го има на факултетите надвор од Македонија, односно на првите 50 универзитети во поглед на студиските програми вели проф. Дарко Данев, декан на „Машински факултет” при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Машинскиот факултет за настанот ги информирал средните училишта во земјава, организирале и превоз за матурантите кои имале желба да дојдат на отворениот ден на факултетот. Деканот посочи и дека плановите се повеќе да бидат орентирани на практичната работа на студентите, затоа што тоа се потребите и барањата од индустријата. Младите по завршувањето да имаат практични познавања и вештини.

-Буквано со сите, со кои имаме разговарано сакаат нашите студенти кога ќе излезат од факултетот да имаат повеќе практични познавања, за таа цел деновиве правиме анализа на состојбита во нашите лаборатории. Пробуваме да најдеме средства, повеќе да иновираме каде студентите ќе можат практично да работат. Има компании кои се свесни дека нашите студенти треба да имаат иднина во земјава и од тие причини инвестираат во нив, да ги задржат. Голем дел од нашите студенти бидејќи имаат добра претходна подготовка, излегуваат од нашиот факултет и се многу пожелен плен за странците. Голем број од нашите студенти си заминуваат што е лоша работа, вели проф. д-р Данев.


Клик за поголема резолуција

Од факултетот имаат идеја за реализација на креативен центар, покрај бизнис стар ап центарот и кариерниот центар , каде студентите ќе можат заедно под менторство на професорите да работат на решавање на одредени проблеми , дали тоа ќе бидат диајнерски или конструктивни. Да можат изработат готов производ за индустријата.
Подготвил: В.М.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование