X
 13.02.2015 Образование

Како тече вториот ден од автономната зона на техничките факултети?


Откако во средата студентите го окупираа Филолошиот/Филозофскиот факултет и ги поканија студентите од околните факултети да им се придружат, вчера автономна зона беше прогласена и од страна на нивните колеги-технолози. Студентите од Машинскиот факултет и ФЕИТ ги прекинаа сите предавања во зградата и ги поканија своите колеги да им се придружат во окупацијата. Се' помина мирно и организирано.

ФОТО - ГАЛЕРИЈА

Веќе тече вториот ден од окупацијата на техничките факултети. Овде гледаме храна, материјали за лична хигиена, душеци, ќебиња. На програмата се часови по латино танци, проекции на филмови, говори од професори. Наскоро ќе уживаме во предавање од астрономското друштво, а за вечер е најавена свирка.

Атмосферата е весела. Студентите веќе го украсуваат факултетот со сопствени уметнички дела. Во процес е и чистење на читалната, кадешто се спиеше.

Известуваме од зградата на „Твитер“. Следете не'
.


ФОТО - ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование