Венеција е позната по гондолите, каналите, и историските мостови, но посетителите ќе бидат поздравени и од друг потсетник на интимната врска со водата: гигантски пар на раце кои се појавуваат од Големиот канал за да ги поддржат ѕидовите на историскиот Хотел Ка Сагредо.
Фото извор: openculture.com/twitter
Ова дело се нарекува “Support” и е креирано од скулптор од Барселона Лоренцо Куин.
Рацете на неговиот 11 годишен син се модел, а скулптурата тешка 2268
килограми стои на 9-метарски столбови на дното од Големиот канал. Ова
дело би требало да има моќна порака: мора да се направи нешто за
климатските промени да престанат да влијаат на нас.
Никој кој ќе ја посети Венеција на Биеналето нема да оддолее и ќе паузира пред скулптурата, дело чија визуелна драматичност бара реакција која
температурните графикони или студиите со податоци не можат да ја испровоцираат сами. И дури и без нив, скулптурата на Куин не потсетува дека уметноста може да направи да размислуваме за иднината.