Денес е вторник, 30 мај 2017 година, 150-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 04:57, а ќе зајде во 20:03 часот. Денот ќе трае 15 часа и 06
минути.
И денешниот ден во најголем дел од Македонија го започнуваме со претежно
сончево и топло време, a во источните, крајните западни и
северозападните предели имаме појава на локална облачност.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови
ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и топло време.
Попладне во западните и југозападните како и во крајните источни предели
услови за развој на нестабилност која што ќе услови слаби и локални
врнежи од дожд, а во останатите предели и понатаму ќе биде претежно
сончево со појава на локална облачност и топло време. Ќе дува доумерен
слаб западен и северозападен ветер. Утринската температура од 5 до 13
степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 19 односно до 30
степени. УВ индексот ќе има вредност 7.
СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе биде претежно сончево време со појава на
локална облачност и топло време. Ќе дува слаб северозападен ветер.
Утринската температура од 12 степени, додека пак максималната дневна до
28 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во среда во Македонија ќе биде претежно сончево и
многу топло време, со дополнителен пораст на дневните температури.
Попладне во западните и југозападните како и во крјаните источни предели
со услови за локални врнежи од дожд. Минималните температури од 7 до 15
степени, а максималните дневни од 21 до 32 степени. Во четврток претежно
сончево со појава на локална облачност и уште потопло време со дневни
температури кои што ќе се движат од 23 до 33 степени. Во петок и сабота
дестабилизација на времето. Наутро и претпладне ќе биде претежно сончево
со локална облачност попладне развој на нестабилност и услови за локални
врнежи од дожд и грмотевици. Во петок минималните температури од 10 до
18 а максималните од 21 до 31 степен, додека пак во сабота утринските од
9 до 17 степени, а дневните од 19 до 29 степени.
Weather4all.com.mk