X
 11.06.2015 Живот

Времето денес и прогноза за викендот што следува



МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност, потопло и ветровито.

Во попладневните часови услови за развој на нестабилна облачност и локални врнежи од дожд ќе има во северозападните и западните предели. Услови за локални врнежи ќе има и во регионот на Крива Паланка и Струмичко поле. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер, а во западните и крајните источни предели ќе дува доумерен североисточен ветер.

Утринската температура од 9 до 19 степени, а максималните температури ќе достигнат до 22 односно до 33 степени. УВ индекс 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје во четврток претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло, попладне нестабилно со услови за локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Минималната температура од 16 степени, а максималната ќе достигне до 30 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне во западните и северозападните предели со услови за локални врнежи од дожд и грмотевици. Максималните температури ќе достигнат до 23 односно до 34 степени. Во деновите од викендот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Минималните температури од 10 до 20 степени, а максималните ќе достигнат до 25 односно до 36 степени. УВ индекс 9.

Сончево и топло ќе биде и во понеделник, кога максималните дневни температури ќе достигнат до 26 односно до 37 степени. УВ индекс 9.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот