X
 12.10.2017 Живот

Прогноза за времето во Македонија за наредниот период



Денес е четврток, 12 октомври 2017 година, 285-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:36, а ќе зајде во 18:02 часот. Денот ќе трае 11 часа и 26 минути.

И ова утро во Македонија имаме ведро и свежо утро но денешните утрински температури се за околу 1 степен повисоки во однос на вчерашните утрински кои што ги имавме.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија и денес по свежото утро со утринска температура од 1 до 9 степени, во текот на денот ќе биде сончево и потопло време со пораст на температурите кои што ќе бидат над повеќегодишниот просек за овој период од месец октомври. Ќе дува доумерен слаб североисточен и северозападен ветер. Максималните дневни температури утре ќе достигнат до 16 односно до 26 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес по свежото утро во текот на денот ќе биде сончево и топло време. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна до 23 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во наредните денови продолжува сончевото и многу топло време, поради доминацијата на поле на висок воздушен притисок. Во петок и сабота потопло утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од 3 до 11 степени, а во текот на денот сончево и топло време со дневни температури од 16 до 26 односно од 14 до 24 степени. Во недела и понеделник по свежото утро со утрински температури од 2 до 10 степени, во текот на денот сончево и потопло време со температури кои што бидат над повеќегодишниот просек за овој период од годината кои што ќе достигнат од 16 до 26 односно од 18 до 28 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во петок и сабота сончево и топло време со дневна температура до 23 односно до 21 степени. Потопло време со пораст на температурите во Скопје се очекува во недела и понеделник кога дневната температура ќе достигна до 23 односно до 25 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот