X
 26.06.2017 Технологија

На „YouTube“ секој месец се логираат една и пол милијарда корисници

По повод новото издание на „VidCon“, најголемата Американска конференција за онлајн видео содржини, „Google“ објавиле статистички податоци кои се однесуваат на сервисот „YouTube“.


Според податоците, секој месец на „YouTube“ се логираат една и пол милијарда корисници, односно платформата секој месец користи 1 од 5 лица во целиот свет.

Сепак, треба да се има на ум дека „Google“ во овие бројки не ги вклучил корисниците кои во некој момент или постојано го користат „YouTube“ без употреба на кориснички профил. 

„Google“ исто така објавил како корисниците на „YouTube“ барем еден час секој ден го поминуваат во репродукција на видео содржина преку својот мобилен телефон. Од друга страна, гледањето на содржините од платформата на телевизор се повеќе се користи, и тоа бележи раст од речиси 90 проценти на годишно ниво.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија