X
 01.08.2017 Живот

Во наредните денови температури и до 41 степени... Избегнувајте дирекна изложеност на сонце во периодот од 10 до 17 часот

Денес е вторник, 1 август 2017 година, 213-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:22, а ќе зајде во 19:55 часот. Денот ќе трае 14 часа и 33 минути.

Првото утро во новиот месец го започнуваме со сончево и многу топло време.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес тропски ден, ќе биде сончево и многу топло време но и ветровито. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер, а во југоисточните предели ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринските температури од 12 до 22 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 28 односно до 39 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес тропски ден, ќе биде претежно сончево и многу топло време. Ќе дува доумерен слаб североисточен ветер. Утринската температура од 19 степени, а максималната дневна температура до 37 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во следните денови под влијание на поле на висок воздушен притисок и продор на топла воздушна маса во Македонија не очекуваат тропски денови, сончево и многу топло време со пораст на температурите кои што во петок и деновите од викендот се очекува да го достигнат својот максимум. Во среда и четврток сончево со утрински температури од 11 до 21 степен, додека пак максималните дневни ќе се движат од 28 до3 9 степени, односно од 29 до 40 степени. Дополнителен пораст на температурите не очекува во петок и сабота кога минималните температури ќе се движат од 13 до 23 степени, а додека пак дневните од 30 до 41 степен. Освен надпросечните високи температури во овие денови ќе имаме и висока вредност на ув индексот која што ќе изнесува 9, затоа избегнувајте дирекна изложеност на сонце во периодот од 10 до 17 часот, како и придржување на препораките од лекарите и надлежните институции за справување со топлотни бранови.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот