X
 23.09.2016

Викенд временска прогноза



Денес е петок, 23 септември 2016 година, 267-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:17, а ќе зајде во 18:32 часот. Денот ќе трае 12 часа и 14 минути.

Под влијание на поле на висок воздушен притисок и продор на ладна воздушна маса од север, денеска имаме ведро и студено есенско утро во Македонија.

МАКЕДОНИЈА – По студеното утро со утрински температури кои се движат од 0 до 9 степени, во текот на денот ќе биде сончево, свежо и ветровито. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Максималните температури од 15 до 25 степени. Воздушниот притисок ќе има вредност околу 1025 хектопаскали, а УВ индексот ќе изнесува 5.

СКОПЈЕ – Во Скопје по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и малку потопло. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна до 22 степени. УВ индекс 5.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во наредните денови ќе продолжи претежно сончевото и постудено време со температури кои се пониски од просечните и вообичаените за овој период од годината. Во сабота и недела сончево време со појава на локална облачност и потопло време, утринските температури од 2 до 10 степени, а максималните од 17 до 27 степени. Во понеделник зголемување на облачноста и благо опаѓање на дневните температури кои ќе се движат од 15 до 25 степени. Во вторник претежно сончево и свежо време со максимални температури од 16 до 26 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk