X
 22.04.2015 Живот

Сончевото време продолжува... Ни претстои сончев викенд



Во Македонија во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност, потопло и ветровито. Попладне во крајните источни и североисточни предели со услови за локални врнежи од дожд проследени со грмотевици. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува и засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч.

Утринските температури ќе се движат од -3 до 9 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 10 односно до 20 степени.

Во Скопје во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од 6 степени, а максималната дневна до 17 степени.

Во четврток посвежо утро со утрински температури од -3 до 7 степени. Во текот на денот сончево и топло со дневни температури до 12 односно до 22 степени.

Во петок ќе биде умерено облачно, а во вечерните часови и во текот на ноќта петок кон сабота со услови за локални врнежи од дожд.

Во сабота во утринските и претпладневните часови нестабилно со услови за локални врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престанат и ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди.

Во недела во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Утринските температурии од 0 до 10 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 14 односно до 26 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот