Соопштение од Министерството за труд и социјална политика во врска со работното време на јавните установи за деца / детски градинки, соопштението во го пренесуваме во целост.
Во врска со информациите коишто стигнуваат до Министерството за труд и социјална политика дека во одредени јавни установи за деца/детски градинки се вршат анкети во кои родителите се анкетираат дали нивното дете ќе посетува прва или втора смена од 7:00 до 14:30 или од 14:30 до 21:30, УКАЖУВАМЕ дека:
Наведеното работно време се однесува само на вработените во установите кои треба да ја применат Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа, а не и на времето за престој на децата во јавни установи за деца/детски градинки .
Децата ќе се згрижуваат во текот на денот согласно со потребите на родителите.
Двосменското работење подразбира дека опфатот и згружавањето на децата во јавните установи за деца/детските градинки ќе биде како и до сега од 5:30 часот наутро до 22:00 часот навечер, како и во првата сабота во месецот.
Апелираме до вработените и директорите на јавните установи за деца/детските градинки да не ги манипулираат родителите и да не ги ограничуваат со стриктно временско згрижување на децата!
Директорите се задолжени од страна на МТСП да ја спроведат Одлуката на Владата на РМ и согласно истата и потребите на родителите да го организираат работењето на установата.