X
 14.03.2017 Образование

Фрапантни податоци: По 30 деца на една воспитувачка во јавните градинки

Фрапантни се податоците што за нив се грижат вкупно 1.769 негувателки (по една на 18,78 деца) и 1.079 воспитувачки - по една на 30,80 деца. Во приватните градински ситуацијата е поинаква. Во нив се згрижени 719 деца. За нив се одговорни 43 негувателки (по една на 16,65 деца), а има и повеќе воспитувачки, по една на 11,98 дете.



Една воспитувачка е одговорна за 30 деца во градинките во Македонија, додека секоја негувателка се грижи за 18 деца, покажуваат податоците од последните извештаи на Државниот завод за статистика. Во извештајот за „Установи за згрижување и воспитание на деца - детски градинки/центри за ран детски развој, 2016 година“ објавен на почетокот на март, вкупниот број на деца во установите за згрижување и воспитание на деца - детски градинки и центри за ран детски развој, изнесува 34.386 деца. Тоа е за 5,3 отсто повеќе од претходната, 2015 година.

- Со годишните извештаи во 2016 се опфатени 96 установи за згрижување и воспитание на деца, што е за 17,1 отсто повеќе во однос на 2015 година. Овие установи обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата, во согласност со нивните развојни потреби, на возраст до 6 години, во повеќе групи (групи на деца во развоен период до 2 години, групи на деца во развоен период од 2 години до поаѓање во училиште, комбинирани групи, групи за деца со пречки во развојот, групи на деца - центар за ран детски развој во состав на детска градинка и групи за вонинституционална форма на активност - велат од Заводот.

Интересени се поединечните бројки. Лани биле пуштени во употреба четири нови јавни детски градинки, и на крајоот на 2016 година нивната вкупна бројка изнесува 64. Во нив се запишани вкупно 33.238 деца. Фрапантни се податоците што за нив се грижат вкупно 1.769 негувателки (по една на 18,78 деца) и 1.079 воспитувачки - по една на 30,80 деца.

Во приватните градински ситуацијата е многу поинаква. Во 2015 година во Македонија имало 16, а лани нивниот број пораснал на вкупно 19 градинки. Според податоците на ДЗС, во овие установи се згрижени 719 деца. За нив се одговорни 43 негувателки (по една на 16,65 деца), а има и повеќе воспитувачки, по една на 11,98 дете.
Подготвил: В.Ф.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование