X
 31.08.2017 Култура

Нова теорија од „Игра на троновите“: Зошто Тирион е толку загрижен?

трон
Фото: Foxtel


Внимание: Спојлери!

По сета драма, седмата сезона од „Игра на троновите“ конечно заврши.

Последната епизода заврши со очекуваните сплетки на Серсеј, стигнувањето на Белите шетачи до Ѕидот и сензационалната инцестуозна секс-сцена.

Но освен секс-сцената, беше прикажано и загриженото лице на Тирион, кој стои во ходникот додека Џон Сноу влегува во собата на Денерис.

Претходно Тирион помина некое време сам со Серсеј, со која успева да договори примирје помеѓу Дени и Круната. Тој открива и дека не сака да го уништи неговото семејство, и ѝ кажува на Серсеј колку ги сака нејзините деца - Томен и Марсела.

Некои од фановите мислат дека овој разговор може да објасни зошто Тирион изгледа толку сомнителен во ходникот.

Во книгите, судбината на Денерис е проследена со пророштво кое вели дека таа ќе се соочи со три катастрофални предавства. Едно предавство ќе биде за крв, едно за злато, а третото за љубов.

Сега фановите веруваат дека разговорот со Серсеј може да биде предзнак за неговото предавство. Фановите сметаат дека Тирион склучил договор со неговата сестра. Бидејќи Тирион знаеше дека Серсеј никогаш нема да ја испрати војската на север за да се бори со Белите шетачи, тој ѝ има речено да лаже, стои во теоријата.

Со тоа што Серсеј ќе излаже, Тирион ќе им даде шанса на Ланистер да ја вратат контролата во Вестерос, додека армиите на Дени ќе бидат на север.

Со оглед на тоа што Серсеј и Тирион се мразат, ова ќе биде неверојатен пресврт. Ова ќе објасни и зошто Тирион изгледа толку тажно на крајот од епизодата, бидејќи започнува да ја согледува реалноста на неговото предавство.

Друга, помалку сензационална теорија вели дека Тирион е загрижен да не забремени Дени.

За да ги откриеме неговите вистински намери, останува да чекаме прилично долг период.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура