X
 15.03.2022 Култура

Приказната за пет мажи што влијаат врз светските настани станува серија на „Нетфликс“

Обожавателите на ликот и делото на Мајк Мајерс веројатно ќе знаат за што се работи откако ќе слушнат дека неговата нова серија се вика „The Pentaverate“.

Имено, оваа идеја во одредена форма првпат се појави во неговата комедија „Се омажив со убиец со секира“.

Заплетот на оваа хумористична серија следи голем заговор за група која влијае врз сите важни настани во светот.


„Нетфликс“ беше малку поопширен во објавата, откривајќи дека станува збор за тајно друштво.

- Што ако постои тајно друштво составено од пет мажи кое влијае врз светските настани, од црната чума во 1347 година? На почетокот на оваа серија канадски новинар е вклучен во мисија насочена кон откривање на вистината додека го спасува светот. Запомнете, Пентаверате не смее да биде разоткриен - пишува „Нетфликс“.

Мајерс ќе се појави во дури седум различни улоги. Покрај него, во серијата глумат Кен Џеонг, Киган-Мајкл Ки, Деби Мазар, Ричард Мекејб, Џенифер Саундерс и Лидија Вест.

Станува збор за шест 30-минутни епизоди напишани и продуцирани од Мајерс, под режисерската палка на Тим Киркби. Серијата ќе пристигне на „Нетфликс“ на 16 март.



Извор: Index.hr
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура