X
 05.09.2017 Живот

Сакате да бидете продуктивни? Применете го ригорозниот распоред на Бенџамин Френклин

продуктивност

Бенџамин Френклин не стана еден од најголемите пронаоѓачи во историјата само со седење. Неговиот дневен распоред бил прилично интензивен. Оваа прецизна и ригорозна рутина можеби се чини невозможна за следење, но дефинитивно значи голем поттик за продуктивност ако можете да се будите секој ден во 5 часот.

Еве како изгледал неговиот распоред:

5-8 часот наутро: „Стани, измиј се и обрати ѝ се на Моќната Божица; започни го денот со деловни активности и одлучи се за резолуцијата на денот; истражи ја моменталната студија и појадувај“.

8-12 часот: Работење.

12-14 часот: Читање или преглед на сметките, и јадење.

14-18 часот: Работење.

18-22 часот: Средување на работите, вечера, музика или разговор; преиспитување на денот.

22 часот до 5 часот наутро: Спиење.

За време на појадокот, Френклин се прашувал себеси: „Што добро ќе направам овој ден?“ Прашањето што си го поставувал пред спиење било: „Што добро направив денес?“

продуктивност

Можете да забележите дека клучниот елемент на рутината на Френклин е фокусот кон себеси. Наречете го себичен, меѓутоа, овој фокус е важен кога станува збор за продуктивност со работите што треба да ги направите.

Но ако со оваа рутина чувствувате голем притисок, не грижете се. И самиот Френклин не се придржувал кон неговиот распоред.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот