Минатиот викенд во Охрид, се случија два поважни настани за офталмолошкото здравство во Македонија. На IV-от Конгрес на офталмолози со меѓународно учество и III-от Меѓународен симпозум на медицински сестри на Македонија, беа поканети да учествуваат докторите и медицинските сестри на Систина Офталмологија, со предавања врзани за работата на оваа офталмолошка клиника.
Катарактата (перде) е една од најчестите очни болести која се појавува во подоцнежните години од животот, но се повеќе се бројат случаевите на појава на катаракта кај млади лица. Осврт на оваа тема имаше медицинскиот директор на клиниката, д-р Златко Арнаудовски, кој подетално ги објасни придобивките од отстранување на перде со имплантација на новите мултифокални леќи, како и третманот на лицата со вродена катаракта.
Д-р Билјана Костовска пак, ги објасни потребите од навремено интервенирање со витректомија, ако за време на операција на катаракта пропадне леќата во витреусот. Систина Офталмологија е единствената клиника со доглогодишна успешна тимска работа на медицинскиот тим која овозможува решенија на сите можни компликации во катаракната и витреоретиналната хирургија.
Д-р Фанка Гилевска зборуваше крослинкинг и за актуелната интервенција кај младите лица – ласерската корекција на диоптрија. Подетално ги објасни придобивките на интервенцијата и причината зошто е толку популарна меѓу младите лица. Д-р Фанка се осврна и на техниките на решавање на проблемите кај овој тип на интервенции настанати поради неправилно извршен преглед.
Од поубавите изненадувања беа и медицинските сестри и техничари на Систина Офталмологија кои преставија зошто се значаен дел од работата на докторскиот тим. Дипм. сестра Снежана Ујевиќ, воедно и главна медицинска сестра и оптометрист Виданка Младеновска зборуваа за својата улога при „Корекција на рефрактивни аномалии- LASIK и PRK“ и димп. мед. сестра Софија Давкова при „Третман на кератоконус со CROSSLINKING“.
На Конгресот учествуваа и еминетни офталмолози од светот, меѓу кои и проф. д-р Јорди Агура и д-р Франциско Гони од Шпанија.