X
 18.10.2016 Живот

Систина Офталмологија во поддршка на хуманитарни активности на „Денот на Белиот Стап“ во Сити мол

По повод “Денот на белиот стап”, тим на офталмолози на Систина Офталмологија зaедно со членовите на Лајонс Дистрикт 132 Скопје беа присутни во саботата на 15.11.2016 во Сити Мол во Скопје од 11 до 15 часот, каде вршеа очни мерења со автоматски рефрактометри и одговаараа на прашањата на граѓаните. Овозможен е скрининг на преку 300 деца и возрасни, а останатите заинтересирани граѓани добија одговори на прашања поврзани со катаракта, отстранување на диоптријата и очни болести поврзани со дијабетисот.



Истражувања на Светската здравствена организација покажуваат дека околу 246 милиони имаат проблеми со видот, додека 39 милиони се комплетно слепи. Поради тоа превентивните мерења и навремените прегледи се исклучително значајни за навремено спречување на болестите во уште во рана фаза.

Систина Oфталмологија како дел од ланецот на хрватската Очна клиника Свјетлост, инвестира финансиски и човечки ресурси во зголемување на свесноста и информираноста на пациентите за новите можности на превенција и лекување на очните болести. Брзи и ефикасни методи за корекција на диоптријата, cross linking метода за кератоконус, најновите видови мултифокални леќи кои освен што ќе ја отстранат катарактата, ќе ви ја корегираат и диоптријата, современи пристапи и решавање на глаукомот, крварења на очите, последици од дијабетис, се само дел од можните решенија на вашите очни болести кои во Систина Офталмологија ги решаваат со еднодневна хирургија.

Во развојната стратегија за ширење на знаење и превенција на очните болести, Систина Офталмологија под покровителство на Свјетлост, на 05.11.2016 (сабота), во хотел “Мериот” во Скопје, организира регионален Симпозиум, на кој ќе бидат претставени “Новитетите во офталмологијата” .

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот