“По ласерската корекција на диоптрија, се чувствувам опуштено и ослободено затоа што не морам да носам очила повеќе!”- вели Марко Василевски, млад музичар од Скопје.
Моментално свири контрабас во џез составoт Fierce, кој полека но сигурно ги освојува симпатиите на скопската публика. Fierce е проект на млада генерација на македонски музичари, љубители на џез музиката кои одат чекор понапред во своето изразување, правејќи комбинација од џезот и модерните музички елементи.
Марко уште од млади години, носел очила на кои што со тек на време се навикнал. Особено му пречеле на настапи, бидејќи секој пат му биле дополнителна активност : “кревање на очилата на место”. Но, како што на секоја навика и доаѓа крај, така и на неговата.
Пресуден момент во животот на Марко за да ја посети Систина Офталмологија е моментот кога ги крши омилените очила, и кога на преглед за нови очила му констатираат одреден проблем со ретината: “Не бев сигурен во таа дијагноза и дојдов во Систина Офталмологија на второ мислење и на прегледот се покажа дека се е во ред со моите очи и дека можам да ја направам интервенцијата.”
Со ласерската корекција на диоптрија, Марко се ослободи од стегите на диоптријата и создаде можност за целосно ново доживување во музиката која го инспирира.. Презадоволен, за своето искуство во Систина Офталмологија, вели: “Стручноста и приемот од персоналот влева доверба и секој повод за посета го чини пријатен!”
Ласерската корекција на диоптрија, како најсовремена метода за остранување на секоја диоптрија, во Македонија успешно ја изведува врвниот и искусен тим на Систина Офталмологија, во соработка со најголемата Универзитетска клиника „Свјетлост“ од Загреб. Оваа универзитетска очна клиника е прва во Хрватска која започна да работи ласерско отстранување на диоптрија уште пред 17 години и до сега оперирала преку 50.000 очи.
Повеќе информации на следниот линк:
https://www.sistinaoftalmologija.com.mk/lasersko-otstranuvanje/laserska-korekcija-na-dioptrija