X
 02.10.2017 Култура

Филмските критичари за „Blade Runner“: „Вистинско научнофантастично ремек-дело што е подобро од оригиналот“

blejd raner

Публиката се навикна на продолженијата, римејковите, така што за нив е вистински шок кога ваков филм излегува и повеќе од одличен.

Токму ваква е општата реакција за „Blade Runner 2049“, чија премиера се случи пред неколку дена. Новинарите и филмските критичари имаат одлични критики за овој филм, а дел од нив велат дека ова продолжение би можело да биде дури и подобро од првото.

„Мислам дека овој 'Blade Runner' е многу подобар од оригиналот“, напиша на својот твитер-профил основачот на веб-страницата „Fandango.com“, Ерик Дејвис.

Други, вклучувајќи го и Питер Бредшо од „Гардијан“, не може да поверуваат дека продолжението е толку добро.

Некои предвидуваат дека овој филм може да му донесе „Оскар“ на Роџер Декинс. Британскиот кинематографер во текот на неговата кариера бил номиниран за 13 „Оскари“, меѓутоа, досега нема освоено ниту еден.

Премиерата на „Blade Runner“ во Македонија ќе биде од 5 октомври во киното „Синеплекс“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура