X
 24.05.2023 Култура

Пристигна трејлер за новото продолжение на „Невозможна мисија“

По неверојатниот успех со „Топ ган: Маверик“, Том Круз продолжува со работа и најавува возбудлив филмски спектакл.

„Невозможна мисија 7“ треба да се појави во кината низ светот на 13 јули. Филмот неодамна доби нов трејлер.

Во ова продолжение главниот лик Итан Хант и неговиот тим одат во најопасната мисија досега, а тоа е да пронајдат ново страшно оружје кое му се заканува на целото човештво пред да падне во погрешни раце. Соочен со мистериозен непријател, Итан сфаќа дека оваа мисија е најважна за него, поважна дури и од животите на негови блиски.

Филмот треба да има уште едно продолжение во 2024 година кое ќе биде поврзано со новиот филм што ќе излезе во јули.


Извор: 24sedam
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура